Политика за враќање и замена
Оваа Политика за враќање или замена на производите ги одредува условите под кои ЈУБИ ДОО Скопје, врши замена или враќање на производите нарачани од страна на купувачите, како и временските рокови за тоа.
Политиката за враќање или замена на производите се однесува само на производите кои се купени преку Веб страницата на ЈУБИ ДОО Скопје ( www.yoobie.mk).
Производите се враќаат или заменуваат само под тука наведените услови и правила. ЈУБИ ДОО Скопје, не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Купувачот има право да го врати или замени нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.
Сите производи купени од нашата Веб страница може да се вратат или заменат во рок од 15 дена по приемот на пратката, под услов производот/ите да се во првобитната испорачана состојба, неотворени и неискористени.
Купувачот има право на враќање или замена на производите во следните случаи:
- Испорачан ви е производ во различна боја или кој не сте го нарачале.
- Испорачаниот производ не одговара на описот на производот на Веб страницата.
- Испорачан е производ кој има видливи грешки или оштетувања.
Секој купувач е должен при прием на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања при транспорт, дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на доставувачот да утврди дека производите се во добра состојба.
Доколку производот/ите се неисправни, Купувачот треба веднаш да го извести доставувачот и да не контактира на yoobie.mk@gmail.com. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Купувачот. Доколку целиот процес на враќање или замена не се заврши во период од 15 дена по приемот на пратката исто така Купувачот го губи правото на рекламација.
Во случај Купувачот да бара враќање на паричните средства, тоа може да го оствари само доколку производот го врати неупотребуван и во оргиналното пакување, со приложен доказ за купување и прием на праткатаво период од 15 дена по приемот на пратката. Средствата се бидат префрлени на банкарска сметка одредена од страна на Купувачот.
ЈУБИ ДОО, го задржува правото да ја менува Политиката за враќање или замена на производите вез претходна најава и во било кое време, а промените стапуваат во сила со нивното објавување на веб сајтот.
Ви препорачуваме почесто да ја посетувате Политиката за враќање или замена на производите за да бидете во тек со сите евентуални промени направени во истата.