Политика за испорака

 

Оваа политика за испорака се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од ЈУБИ ДОО-Скопје, на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:

Купувањето преку нашата Веб страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува само на територијата на Република Северна Македонија.

Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот и во рок од 2-5 работни дена од моментот на потврдa на плаќањето од страна на банката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкраток можен рок. ЈУБИ ДОО-Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Доколку нарачката е направена по 14 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.

Испораката се врши преку надворешни соработници и трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена. За нарачки над 2000 денари доставата е бесплатна.

Испорака во недела и на државни празници не се врши.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Доколку доставувачот за овој вид испораки не успее да го најде купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација до купувачот за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на купувачот.

Производот/ите се спакувани во соодветни кеси, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот.

Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентуални надворешни оштетувања на производот/ите.

Нашата Политика за Враќање и замена може да ја прочитате тука.