“Mini Feasts” – Силиконски Сет

Original price was: 2.800,00ден.Current price is: 2.450,00ден.

Олеснете го секојдневниот процес на хранење со нашиот премиум Mini Feasts силиконски сет. Специјално дизајниран за најмалите кои го започнуваат своето патување со цврста храна, овој практичен силиконски сет за хранење ги содржи сите потребни додатоци за уредни, забавни и безгрижни оброци во вашиот дом.

Quantity
SKU: Не е достапно Категорија Ознаки: ,

Опис

Сетот вклучува:

  • 1x Силиконско лигавче – Удобно, прилагодливо лигавче со вграден џеб кој ги лови истурените течности и одбиената храна.
  • 1x Силиконска длабока чинија – Длабока чинија со одлична големина за бебешки порции, со цврста основа и вакумско дно кое спречува превртување и исутрање.
  • 1x Силиконска чашка со две различни капачиња – Чашка погодна за бебиња, лесна за држење и која му помага на вашето малечко да научи како да пие самостојно.
  • 1x Силиконска лажичка и вилушка – Мек и ергономски прибор дизајниран за малите рачиња лесно да може да ги фатат и користат, промовирајки ги вештините за самохранење.
  • 1x Силиконска подлога – Подлога со подигнати краеви која не се лизга и помага во намалување на нередот.
  • 1x Кутија за сет

 

Детали:

  • Создадени со 100% безбеден и цврст силикон за храна
  • Без BPA, PVC, фталати, олово, латекс и хемиски мириси
  • Лесни за чистење и одржување
  • Препорачано за дечиња над 4 месеци

 

Грижа и чистење:

Одржувањето на Mini feasts силиконскиот сет е исклучително брзо, едноставно и безгрижно:

Сите производи од сетот може да се перат на рака или во машина за перење садови.
За рачно перење измијте ги со топла вода и сапун и оставете да се исушат, а доколку ги ставате во машина за перење садови препорачуваме да ја користите горната полица од машината.
Избегнувајте производите да стојат во сапунеста вода повеќе од 10 минути за да не остане трага од сапунот на нив.

Пред првото користење исплакнете со топла вода и сапун и оставете да се исуши.

Дополнителни информации

Тежина 0,705 кг
Димензии 21 × 21 × 10 cm
Color

Pink, Blue, Green, Brown

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате ““Mini Feasts” – Силиконски Сет”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *